По пишувањата на турските медиуми дека актерот Бурак Озчивит ќе се повлече од глумата за да се лекува од депресија, тој најави дека ќе глуми во серијата „Осман Газиј“. Популарниот актер ќе го глуми главниот лик, Осман Први, основачот на Османската Империја. Ликот на Ертугрул Газиј, таткото на Осман Први, ќе го игра Ангин Алтан.
Публиката во регионот го запозна Бурак со улогата на Бали бег од популарната серија „Величествениот“. Глумецот лани се ожени за турската актерка Фахрие Евџан. Таа во едно скорешно интервју изјави дека Бурак е добар, дека не е депресивен и дека пишувањата се измислици на кои таа и нејзиниот сопруг се смеат.
Текстот Бали бег снима нова серија е превземен од Reporter.mk.