Мјузиклот „Мама миа! Одиме повторно“ е најгледан филм за ова лето во регионот, со повеќе од 100 000 гледачи, пренесуваат регионалните медиуми. Вториот дел на популарниот филм „Мама миа“, кој е снимен на хрватскиот остров Вис, повторно ја користи музиката на шведската група „АББА“ и нивните најголеми хитови.
Во филмот повторно глумат Аманда Сејфрид, Доминик Купер, Мерил Стрип, Пирс Броснан, Колин Фирт, а нови ликови се Шер, Лили Џејмс, Џереми Ирвин и Енди Гарсија.
Во филмот, Софи (Сејфрид) се подготвува да го отвори реновираниот хотел „Бела дона“ и почнува да дознава нови детали за нејзината мајка и како таа се запознала со нејзините тројца татковци. Приказната се случува во 1979 година, летото кога мајката на Софи (Мерил Стрип) останала трудна.
Текстот „Мама миа! Одиме повторно“ најгледан филм ова лето е превземен од Reporter.mk.