Во едно скорешно интервју фолк-пејачката Ирена Спасовска откри дека секое утро ѝ започнува исто, со напивка од лимон и топла вода која ги топи мастите и го забрзува метаболизмот.
„За мене е многу битно да станам околу 9 часот, а потоа имам ритуал да си исцедам лимон во пола литар топла вода и напивката ја пијам секое сабајле. Потоа следува утринското кафе, турско, кое ми ги отвора очите“, вели Спасовска во интервјуто.
Таа додава дека и покрај брзото темпо на живот, секогаш наоѓа време за себе.
„Во ова турбулентно време сите имаме слободно време колку што ќе си дадеме самите на себе“, вели таа.
Ирена Спасовска ја почна кариерата во 1987 година заедно со Адријана Алачки и нејзиниот сопруг, Горан Алачки. Триото работеше заедно до 1994 година. Потоа пејачките почнаа соло кариера, а Ирена последниве години е актуелна со настапи во ресторани и кафулиња ширум земјава.
Таа повторно го привлече вниманието на јавноста на крајот на пролетта, откако медиумите објавија дека заради помладо момче по 13 години го оставила својот партнер, новинарот Орце Гелевски.
Текстот Утрински навики на Ирена Спасовска е превземен од Reporter.mk.