Милијардерот и главен извршен директор на „Тесла“, Елон Маск пушеше марихуана во живо во веб-емисијата на американскиот комичар Џо Роган, пишува „Гардијан“. 47-годишниот милионер помина два ипол часа во емисијата на Роган и со него разговараше на бројни теми, од вештачката интелигенција и нејзиното влијание врз човештвото, преку фрлачи на пламен, до социјални медиуми.
Комичарот среде емисија на Маск му понуди џоинт, мешавина од тутун и марихуана, велејќи дека тоа е легално во државата Калифорнија. Маск во интервјуто откри дека речиси никогаш не пуши марихуана.
„Јас не пушам ‘трева’ скоро никогаш. Не забележувам никаков ефект. Знам дека на луѓето им годи, ама сметам дека не е многу добро за продуктивноста“, додал Маск во интервјуто.
„Гардијан“ пишува дека по ова, акциите на „Тесла“ на светскиот пазар почнале да паќаат.
Текстот (Видео) Елон Маск пуши марихуана во емисија во живо е превземен од Reporter.mk.