(Видео) Тупак е жив и се крие на Карибите

Приватниот истражител и детектив Џими Пул, тврди дека познатиот рапер Тупак е жив и здрав, а како доказ за тоа, споделил аудио снимка и фотографија од него. Пул тврди дека познатиот музичар живее во Белизе.

Пул ја истражувал смртта на Тупак, за да открие дали има вистина во приказната за Тупак дека е жив. Особено откако полицијата во Лас Вегас сеуште го има отворено досието за неговиот случај, кој беше убиен на 13 септември 1996 година.

Детективот за странски медиуми изјавил дека во Централна Америка се сокриени нови инфорамции кои укажуваат на тоа дека раперот и понатаму е жив. Тој на својот „Јутјуб“ канал објавил нова фотографија од Тупак и убеден е дека таа е реална. На фотографијата се гледа маж кој има околу 40 години, кој многу наликува на познатиот рапер.

Тој позира со еден негов обожавател во ресторан.

„Еве нова фотографија. Тупак е жив и здрав и живее во Белизе“, напишал детективот Пул.

Обожавателите на музичката ѕвезда не се убедени дека фотографијата е вистинска и коментираат дека Тупак изгледа како да е фотошопиран. Тие велат дека неговата глава не одговара со вратот.

Детективот е убеден во спротивното. Тој објавил и аудио снимка за која тврди дека на неа се слуша гласот на Тупак како разговара со некој негов пријател.

„Бог е сјаен и ме пушти да се вратам како четиринаесетгодишно момче. Проклетство човече. Добро сум, немам проблеми со никого, само сакам мир и среќа. Немав каде да одам. Никој не сакаше да ме прими. Сè што ми беше во главата е дека еден ден ќе се вратам“, наводно изјавил Тупак.

Пул верува дека аудио снимката е вистинска и работи на автентичноста на фотографијата, но изјавил дека верува дека тоа е дел од намерата на раперот, да им испрати на фановите порака и да ги извести дека планира да се врати.

Во меѓувреме, филмскиот продуцент Мајкл Дорси, работел на емисијата „Нерешено: Убиството на Тупак и злогласниот БИГ“ и ја замолил полицијата во Лас Вегас да го пушти познатиот музичар да почива во мир и да ги заврши 23 годишните шпекулации дека сеуште е можеби жив.

„Тупак е мртов. Да го разјасниме тоа. Сите теории на заговор се погрешни, како и оваа претпоставка, фотограифја и сникма. Полицијата конечно има можност да го реши овој случај и да ги признае сите докази кои покажуваат дека е мртов“, изјавил Мајкл Дорси.

„За разлика од мислењето на многумина, ние точно знаеме кој го уби Тупак, а исто така знае и полицијата“, изјавил Мајк.

Текстот (Видео) Тупак е жив и се крие на Карибите е превземен од Reporter.mk.