Израелскиот тинејџер Томер Франкфуртер загина во национален парк Јосемити во Калифорнија додека се обидувал да направи селфи застанат на карпа, пренесе „Би-би-си“.
Осумнаесетгодишното момче било на двомесечно патување во Америка, изјавила неговата мајка за израелските медиуми. Таа додала дека ѝ било пренесено оти нејзиниот син се обидувал да се фотографира со својот мобилен телефон, но се лизнал и паднал од висина од 250 метри.
Израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека телото на тинејџерот ќе биде вратено во Израел за да биде закопан во родната земја.
Текстот Тинејџер загина додека правеше селфи на карпа во Калифорнија е превземен од Reporter.mk.