Новата продавница на IKEA сместена на виенската станица Вестбанхоф се разликува од другите свои продавници. Таа не само што има еколошка фасада и покрив туку нема да има простор за паркирање.
Овој иновативен концепт е насочен кон урбаниот клиент и исто така укажува на одличниот систем за јавен транспорт во Виена, пренесува веб-страницата My Мodern Met.
IKEA Vestbanhof ќе го опфати целиот спектар на производи што клиентите ги очекуваат, но има и една новина, имено поголемите парчиња мебел ќе бидат доставени на адресата во рок од 24 часа. Тоа е нов начин на купување, кој обезбедува удобност и практичност.
Неконвенционалниот дизајн на зградата е заеднички напор на архитектите на едно виенско студио и архитектите на IKEA. Целта била да се создаде неформален простор за целата заедница да ужива. Зелениот покрив ќе биде отворен за јавноста дури и по работните часови на IKEA. Покрај зеленилото, ќе има и кафуле во областа.
Текстот Новата продавница на IKEA во Виена има еколошки покрив и нема паркинг е превземен од USB.mk.