Првиот дата центар на Facebook во Азија ќе биде сместен во футиристичка зграда во Сингапур која ќе има 11 катови и 170 илјади квадратни метри, а ќе биде дизајнирана така што ќе ги користи сингапурските временски прилики.
Тоа значи дека сингапурската влажна клима ќе се употреби за собирање на вода за ладење на воздухот во дата центарот, со што потрошувачката на вода од градските системи ќе се намали за 20%.
Фасадата на зградата ќе обезбедува непречен проток на воздух со што ќе се обезбеди дополнително ладење, а од Фејсбук исто така планираат комплетната енергија за овој дата центар да се добива од обновливи извори и за таа цел веќе работи на развој на соларни извори на енергија во државата.
Томас Фурлонг, потпретседател на дата центар инфраструктурата на Фејсбук изјави дека во новата зграда ќе се складираат најголемиот дел од фотографиите и видео снимките кои што секојдневно ги гледаме на социјалната мрежа. Со оглед на тоа што растот на бројот на корисници на Фејсбук во Азија е голем, дата центарот сместен во Сингапур ќе овозможи подобра услуга за тие корисници.
Тоа сепак не е главната приина поради која што Сингапур е избран да биде локација на дата центарот. Од техничка страна, во прилог оди тоа што Сингапур има многу добро развиена инфраструктура и оптичка мрежа со голем капацитет, а оваа земја истовремено нуди и одлични услови за работа.
Ова инаку ќе биде 15-тиот дата центар на Фејсбук, а се планира да започне со работа во текот на 2022-ра година. Фејсбук за изградба на оваа футуристичка зграда ќе потроши околу една милијарда долари.
Текстот Facebook ќе потроши милијарда долари на нова зграда во Сингапур е превземен од USB.mk.