Меган се откажа од британското државјанство

Откако со сопругот Хари се реши да се откаже од кралското семејство и да се пресели во Канада, Меган Маркл нема да може да го добие британското државјанство, за кое претходно аплицирала, пренесуваат британските медиуми.

Меган аплицирала за британско државјанство во јуни 2018 година, веднаш со венчавката со Хари. Потребни се пет години за да се добие британското државјанство, а Меган во меѓувреме се обврзала, за време на постапката да не помине повеќе од 90 дена надвор од земјата.

Извор од британската влада тврди дека преселбата во Канада ќе го запре процесот, затоа што Меган нема да може да ја докаже својата обврска кон Велика Британија и намерата да живее на островот.

Меган и Хари во својата објава по одрекувањето од правата и должностите од кралското семејство, откриле дека планираат да живеат на две локации и во Канада и во Велика Британија.

Меган и Хари со синот Арчи се преселија во Ванкувер, а со новиот живот, лишен од статусот на кралско семејство, службено ќе почнат од пролет.

 

Текстот Меган се откажа од британското државјанство е превземен од Reporter.mk.