Ирина Шајк: Животот без Бредли за мене е нешто сосема ново

И покрај тоа што ги криеше деталите од врската со Бредли Купер, руската манекенка Ирина Шајк по разделбата со актерот раскажа како се чувствува. Ирина и Бредли беа во врска четири години, а заедно ја имаат и ќерката Леа.

„Мислам дека имавме среќа да го искусиме она што двајцата заедно го имавме. Животот сега за мене, без Бредли во него, е нешто сосема ново“, изјавила Шајк.

Рускиот модел истакна дека тоа што луѓето се добри кога се разделени не значи дека ќе бидат такви и кога се заедно.

„Мислам дека во сите добри врски ги покажувате и своите најдобри и своите најлоши карактерни особини. Тоа е во човековата природа. Двајца одлични луѓе не мораат да прават една добра двојка“, изјави Ирина.

Таа за британското издание „Вог“ раскажа за тоа како се чувствува како самохрана мајка.

„Тешко е да се пронајде рамнотежа меѓу животот на самохрана мајка и тоа што сум вработена мајка. Верувајте ми, има денови кога ќе се разбудам и ќе си помислам, ‘О, боже, не знам што да правам, се распаѓам’“, изјавила Ирина.

 

Текстот Ирина Шајк: Животот без Бредли за мене е нешто сосема ново е превземен од Reporter.mk.