Според законите во Германија, возачот и турски државјанин Алсин Левант, кој е обвинет за смртта на српскиот фолк пејач Шабан Шаулиќ, би можел да се соочи со четиригодишна казна затвор, пренесуваат тамошните медиуми.
Левант се товари за убиство од негрижа, нанесување тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа, возење без возачка дозвола и управување на автомобилот под дејство на алкохол.
Наместо дозволените 80 километри на час, Левент возел 160 километри на час. Семејството на Шабан верува дека германското правосудство ќе ги преземе сите потребни чекори за да ја истера правдата.
„Законот е таков и казната не може да се продолжи, така што секое барање поради законската регулатива беше неосновано и однапред осудено на пропаст. Од друга страна, кога поради нечие невнимание ќе се убие човек, секоја казна во очите на најблиските на жртвата е недоволна“, велат од семејството на Шабан.
Тие планираат да подигнат и приватна тужба против Левант и да бараат оштета во износ од 300.000 евра за претрпена болка, поради губењето на нивен член од семејството.
За потсетување, на средината на февруари минатата година на Автопатот А2, кон градот Дормунд, во близина на местото Биелфелд, се случија сообраќајна несреќа во која беа повредени четири лица. Шабан од несреќата му пукна аортата на срцето, а од здобиените повреди, пејачот починал неколку часа откако бил примен во болницата.
Текстот На обвинетиот за смртта на Шабан му се закануваат 4 години затвор е превземен од Reporter.mk.