Глумицата Анџелина Џоли пијана ѝ се јавила на нејзината колешка Џенифер Анистон за да ја предупреди дека Бред Пит ја изневерува, открива близок извор на двете глумици.
Според пишувањата на таблоидите, Џоли откако дознала за нивната наводна врска ѝ оставила порака на телефонската секреарка. Таа ја предупредила за однесувањето на нејзиниот поранешен партнер.
„Ѝ јави за да ѝ каже дека Бред веќе ја изневерува и дека никогаш нема да го промени своето однесување“, изјавил изворот, кој додал дека Анистон не го сфатила сериозно ова. Тој објаснил дека двете глумици и во минатото имале меѓусебни расправии и дека Џоли ова сега го прави за инает на Пит и Анистон.
„Анистон не ги смета за сериозни обвинувањата на Џоли. Единствено за што ѝ е жал се нејзините деца кои мораат да ја гледаат нивната мајка, која е во очајна состојба“, завршил изворот.
Текстот Џоли пијана ѝ се јавила на Анистон е превземен од Reporter.mk.