(Фото) Полугола Кинси Волански му оддаде почит на Коби Брајант

Девојката на популарниот „јутубер“ Виталиј, Кинси Волански, го сврте вниманието откако полугола влезе на ски-трката во австриски Шладминг.

23-годишната Кинси се појави пред целта во моментот кога низ целта помина Италијанецот Алекс Винацер. Таа во рацете држеше напис на кој стоеше „RIP Коби“ во сеќавање на трагично починатиот кошаркар Коби Брајант, кој во неделата настрада во пад на хеликоптер.

Организаторите прво го пресметаа времето на Винацер кога девојката мина низ целта. Имаше 50 стотинки предност во однос на Клемент Ноел. И покрај тоа што Винацер се израдува на победата, подоцна беше утврдено дека 13 стотинки заостанувал зад водечкиот Ноел.

ABD0186_20200128 – SCHLADMING – ÖSTERREICH: Eine Flitzerin mit einem Transparent “RIP Kobe #24” und Alex Vinatzer (ITA) am Dienstag, 28. Jänner 2020, im 2. Durchgang beim Slalom der Herren in Schladming. – FOTO: APA/ERWIN SCHERIAU

Текстот (Фото) Полугола Кинси Волански му оддаде почит на Коби Брајант е превземен од Reporter.mk.