Направени свитливи батерии: Дали наскоро ќе почнеме да ги носиме во облеката? (ВИДЕО)

Истражувачите од Универзитетот Стенфорд развиле специјална свитлива и растеглива батерија, која е во состојба да ја чува енергијата на многу побезбеден начин од сегашните батерии.

Употребата на полимер на база на пластика за оваа намена не е новост во истражувањата, но претходните полимери биле направени во форма на гел кој понекогаш течел и се палел.

Оваа нова батерија поради својата флексибилност и свитливост е идеална за употребна во преносливи уреди, како што се паметните телефони или уредите кои се користат на одредени парчиња облека.

Досегашните батерии кои се користеле во такви случаи се цврсти и поради тоа морале да бидат мали за да не им пречат на корисниците.

Новите, свитливи батерии, би можеле практично да бидат дел од облеката, па според тоа би можеле да имаат и многу поголем капацитет. А бидејќи користат полимер електролити, кои се многу побезбедни од течните електролити, нема можност за нивно течење или самозапалување.

Во текот на тестирањето, батериите успеале да ги задржат своите енергетски особини дури и кога биле превиткани, стегнати или развлечени до двојна големина во однос на оригиналните димензии.

Засега проблем е капацитетот бидејќи овие батерии може да чуваат отприлика половина енергија во однос на класичните батерии со исти димензии. Меѓутоа, истражувачите веруваат дека со време ќе го решат и надминат тој проблем.

Тие очекуваат дека во наредните 12 до 18 месеци ќе можат на произведувачите да им понудат целосно тестирана технологија на употребливи флексибилни батерии.

Извор: B92.net

 

 

Текстот Направени свитливи батерии: Дали наскоро ќе почнеме да ги носиме во облеката? (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.