Светските медиуми пренесуваат дека американскиот милијардер, Бил Гејтс однапред ја предвидел појавата на новиот вирус, кој би можел да предизвика пандемија.
Имено, на 28. декември, 2018. година, во магазинот Science Alert, Бил Гејтс ги објавил резултатите од истражувањата од неговата фондација за борба против светска пандемија.
Гејтс тогаш предупредил дека во наредната деценија може да избие мегапандемија од некој смртоносен вирус, кој во првите 6 месеци би однел 30 милиони животи и ќе продолжи експоненцијално да расте.
За да го спречи ова сценарио, Гејтс вложил 12 милиони долари во центар за истражување на вируси и изработка на вакцини за борба против нив.
Во презентацијата е објавена и видео-симулација од пандемијата, во која настанувањето и потенцијалното ширење на вирусот ќе почне во централно-источна Кина, од каде брзо, во првите 2-3 месеци, ќе се прошири кон Индија, Јапонија, Германија и Франција, а потоа и низ целиот свет.
Пред неколку месеци Гејтс објавил нова симулација под името „Настан 201“, како план за борба против претстојната пандемија.
Извор: B92.net
Текстот Бил Гејтс го предвидел корона вирусот: Вложил 12 милиони долари во вакцини (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.