Приказната за периодот кога исчезнало Средоземното Море (ВИДЕО)

Дали сте знаеле дека во еден момент Средоземното Море исчезнало? Уште од 19 век научниците биле свесни дека слоевите на Средоземното Море не се направени само од вообичаените седименти.

Тие слоеви се полни со солени кристали. Ваквите видови солени депозити се наоѓаат на места каде што водените тела пресушиле. Тоа сугерира дека во некој момент од историјата Средоземното Море сигурно испарило.

– Како би можело водено тело големо колку Средоземното Море едноставно да исчезне? Би биле потребни децении и повеќе од 1.000 истражувачки студии за да почне да се сфаќа причината – или причините – за еден од најголемите настани на исчезнување во историјата на Земјата – стои во описот на ова видео.

Според една теорија, главниот извор на вода за Средоземното Море во еден момент бил затворен. Денес таа точка е позната како Гибралтарски Проток.

Ова снемување на вода научниците го нарекле месиниумска криза на соленост. Сепак, сакале и да сфатат кој извор на вода бил „исклучен“.

На крајот дошле до три хипотези што можеби се случило.

Прво, некои научници мислеле дека имало некој глобален настан на ладење на почетокот на кризата кон крајот на миоценот. Тогаш многу вода би се замрзнала во глечери. Но, оваа хипотеза многу скоро била побиена.

Втората идеја била дека тектонски настани некако го блокирале приливот на вода од Атлантскиот Океан, а некои научници мислеле дека пресушувањето на Средоземното Море било поради комбинација од движењата на кората и климатски промени.

Која е вистинската причина? Погледнете во видеото.

Текстот Приказната за периодот кога исчезнало Средоземното Море (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.