Посетата на највисокиот водопад во Европа се препорачува на лето, кога времето е најстабилно, бидејќи на ова место можете да видите снег дури и во јуни.
Винуфосен или Вунуфалет е највисокиот европски водопад и шести највисок водопад во светот. Тој се издигнува на 860 метри надморска височина во норвешкото гратче Сундал во западниот округ Мере ог Румсдал.
Водопадот е дел од реката Вину која се слева низ планината Винуфјелет, а водата ја добива од ледникот Винуфона. Слаповите каскадно се прелеваат на четири места, а при дното паѓаат во реката Дрива која се наоѓа во близина на Хоелсанд.
Иако на врвот на планината може да се забележи снег дури и во текот на летните месеци, локалците велат дека Винуфосен е најдобро да го посетите во летните месеци, кога времето е најстабилно.
Инаку, во Норвешка се наоѓаат 9 од 20-те највисоки водопади на светот. Не станува збор само за прекрасни природни чуда туку и за важни извори на енергија бидејќи Норвежаните добиваат голем дел од својата енергија од водата.
Извор: B92.net
Текстот Највисокиот водопад во Европа: Тука снегот паѓа и во јуни (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.