(Фото) Последното селфи на Коби Брајант пред несреќата

Тинејџерот Брејди Смајгел ја направил последната фотографија од легендарниот кошаркар Коби Брајант, пред хеликоптерската несреќа, пренесува „Дејли мејл“. Тринаесетгодишното момче направило селфи во Спортската академија во Лос Анџелес каде Коби го следел тренингот на неговата ќерка Џијана.

Брејди и неговиот другар Шејн Розентал на крајот се обиделе да направат селфи со нивниот идол. Фотографијата испаднала лошо, па Коби во брзање да го стигне летот му одговорил дека следниот ден ќе направат поубава.

Следниот ден Коби и ќерка му Џијана загинаа во хеликоптерската несреќа заедно со уште три лица.

Мајката на Брејди изјавила на Си-ен-ен дека децата се во шок и дека тешко се носат со смртта на нивниот идол. За нив е особено тешко затоа што разговарале со него неколку часа пред тоа. Блејк Розентал, братот на Шејн, снимил и видео од легендарниот кошаркар во саботата на „Тикток“. Коби изгледа одлично расположен и постојано се смеел.

@urboybalakayI was one of the last people to ever talk to Kobe… RIP to a legend🙏🏻 #ripkobe #rip #blackmamba♬ Falling – Trevor Daniel

Текстот (Фото) Последното селфи на Коби Брајант пред несреќата е превземен од Reporter.mk.