Иако до вчера организаторите на „Ѕвездите на Гранд“ тврдеа дека Аца Лукас не си оди од шоуто, сепак, и официјално тој веќе не е дел од друштвото во жирито. На местото на Лукас доаѓа рокенрол пејачот Ѓорѓе Николиќ, познат по уметничкото име Џорџе Давид.
Ова е одлуката и на Саша Поповиќ, првиот човек на Гранд. Со воодушевување веста ја поздрави Јелена Карлеуша, која често влегуваше во конфликт со Аца Лукас.
„ Добар фраер, екстремно интелигентен, талентиран, остар на јазик. Всушност, ќе видите, многу брзо стартуваме“, изјавила фолк- пејачката. И додала, дека е пресреќна што веќе не е Аца Лукас во шоуто.
Текстот Аца Лукас си оди од Гранд, му најдоа рок замена е превземен од Reporter.mk.