(Фото) Мишел Фајфер убава и без грам шминка, актерката не ги крие брчките

Таа е една од омилените актерки на сите генерации.  Славната актерка Мишел Фајфер отсекогаш важела за една убава жена па дури и сега кога има 61 година таа добива пофалби.

Холивудската ѕвезда објавила селфи фотографија на својот Инстаграм профил во целосно природно издание, без грам шминка. Крупен кадар во кој се гледа секоја нејзина брчка, но сепак тоа не го сменило мислењето на нејзините фанови кои ѝ дале безброј комплименти дека е “боженствена“.

„Боженствена си. Навистина си прекрасна. Твојата убавина е неверојатна“ – ѝ пишувале фановите по објавата на фотографијата.

Очигледно дека нејзината позитивна енергија и неважност на годините кои ги има, многу повеќе им се допаѓаат на нејзините следбеници за разлика од вулгарните фотографии на нејзините колешки.

Ова не е единствениот момент на нејзиниот профил кој спонтано го споделила со своите фанови туку таа често објавува такви природни фотографии.

View this post on Instagram

Chopped my locks. Thanks @mrchrismcmillan ❤️

A post shared by Michelle Pfeiffer (@michellepfeifferofficial) on

„Веганскиот начин на исхрана, избегнување на токсините кои го забрзуваат процесот на стареење. Навистина ја забележав разликата на својата кожа по преминувањето на веганскиот режим на исхрана“ – истакнала Фајфер во некое нејзино интервју

Текстот (Фото) Мишел Фајфер убава и без грам шминка, актерката не ги крие брчките е превземен од Reporter.mk.