Океаните покриваат поголем дел од површината на Земјата, вклучувајќи го и нејзиниот најдолг планински ланец, на древните рути кога во минатото луѓето преминувале од континент на континент.
Планетарниот научник Џејмс О’Доноги при обработката на видеото од НАСА од 2008-та година покажал како светот би изгледал доколку океаните би исчезнале и кога би се откриле сокриените три петтини од Земјината површина.
Џејмс работи во јапонската вселенска агенција (JAXA), а претходно работел во НАСА. При обработката на анимацијата на видеото тој додал уште неколку информации како следење на исчезнувањето на водата за време на траењето на видеото.
Нашите предци можеле да пешачат од Сибир до Алјаска
„Ја успорив почетната анимација бидејќи постојат многу морски краеви кои би се појавиле многу брзо откако ќе исчезнат првите десеттина метри“ – рекол научникот на „Business Insider“.
Така набзо би се откиле континенталните плочи и некои од копнените патишта кои едни од првите луѓе ги поминувале во моменти на емиграција од континент на континент. Пред околу неколку илјадници години, нашите предци можеле пешки да преминуваат од континентална Европа до Велика Британија, од Сибир до Алјаска и до Австралија до островите кои ја опкружуваат.
Океанот замрзнал на половите
„Кога се појавило последното ледено доба, голем дел од океанските води се заледиле на половите и поради тоа настанале овие копнени рути кои денес се покриени со море“ – вели научникот.
На анимацијата исто така може да се види најдолгиот планински венец на земјата кој би се појавил пред нашите очи кога нивото на морето би паднало за 2.000 до 3.000 метри.
Станува збор за ланецот кој се протега на околу 60.0000 километри ширум светот, а околу 90 отсто од неговата површина сега е под вода.
Текстот Како би изгледал светот доколку океаните би исчезнале? (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.