Атлетичарката Дрита Ислами го урна рекордот на Елизавета Божиновска, стар 40 години, во дисциплината 400 метри. Стариот рекорд од 1980 година изнесуваше 56.49 секунди, а новиот е подобар за 14 стотинки, односно 56.35 секунди.
Таа викендов настапи на Националното првенство за сениори во сала што се одржа во Софија. Ова е нејзин шести национален рекорд.
Трката на 400 метри не е нејзината главна дисциплина, но од Атлетската федерација очекуваат исполнување на норма за учество на Европското првенство во нејзината специјалност 400 метри со пречки.
Честитки за нашата Дрита Ислами, после 40 години срушен рекорд на Елизабета Божиновска !Во својот настап на…
Posted by Атлетска Федерација на Македонија on Сабота, 01 февруари 2020
Текстот Дрита Ислами урна рекорд стар 40 години е превземен од Reporter.mk.