Пејачот Филип Јордановски ја промовира новата песна „Без тебе“, со која минатиот викенд победи на поп-вечерта на фестивалот „Охрид-фест“. Автор на песната е композиторот Владимир Дојчиновски, а текстот го напиша Ристо Самарџиев.
Ова е прва песна на Јордановски по долга пауза. Тој пред две години во исто време ги објави патриотската песна „Вечна Македонија“ и баладата „Погледни ме“. Во меѓувреме не се откажа од музиката. Тој скоро секој викенд има настапи во кафулињата и во клубовите ширум Македонија.
Текстот (Видео) Филип Јордановски по 2 години промовира нова песна е превземен од Reporter.mk.