Русин со животот плати една своја забелешка откако и кажа на сопругата дека не готво добро. Убиството се случило во градот Корјажма, во Архангелската Област.
Семејството имало гости и кога сите седнале на масата, сопругот на домаќинката ѝ упатил груба забелешка дека „јадењето не чини”. Следувала караница, па мажот потоа ја удрил во лицето. Тогаш, 52-годишната жена зела кујнски нож и го избодела.
Гостите веднаш викнале брза помош, но додека лекарите да пристигнат, сопругот починал.
Истражните органи соопштуваат дека жената најверојатно ќе биде осудена на подолга казна затвор.
Текстот Со кујнскиот нож го убила сопругот оти и рекол дека лошо готви е превземен од Reporter.mk.