Студентката Мерин Петерсон од Универзитетот во Монтреал не можела ниту да претпостави дека на првата година на студиите по физика ќе открие нова егзо планета.
Петерсон заедно со колегите ја откриле планетата под раководство на професорот Бјорн Бенеке. Таа земала податоци од Кеплеровиот телескоп на НАСА и ги обработувала низ посебна програма со која се идентификува егзо планета.
,,Тоа не е како потрага по игла во пласт сено, туку е потрага по нешто што не е таму. Сфативме дека има нешто кога ни стана јасно дека се блокира светлоста од ѕвезда.” , изјави студентката. Во вселената постојат многу планети надвор од Сончевиот систем , а оваа е дел од Млечниот пат .
Научниците се уште не се сигурни дали новооткриената планета е создадена од карпи или од гас. НАСА тврди дека секоја ѕвезда во вселената е опкружена со планети , некои се парчиња мраз , а некои се гасови.
Новата планета Wolf 503b е двојно поголема од Земјата, оддалечена е 145 светлосни години и се наоѓа во соѕвездието Девица.
Текстот Студентка открила планета двојно поголема од Земјата е превземен од USB.mk.