Иако деновиве се зборува за опасниот вирус Коронa кој предизвика загриженост низ целиот свет, сепак тој не е најопасниот вирус кој постои.
Еве листа од седум други вируси кои убиле многу повеќе луѓе од Коронa:
Ебола
Ако некој вирус може да предизвика поголема паника од сегашната, тоа апсолутно е Еболата.
Тоа е вирус кој директно го напаѓа имунитетскиот систем во неколку дена.
Предизвикува повраќање, дијареа, кашлање, осип, деменција, температура и води кон смрт.
Марбуг – хеморагиска грозница
Смртноста од овој вирус варира некаде од 24 до 88 проценти.
Вирусот предизвикува крварење во гастроинтестиналниот тракт и на кожата.
Повеќето заболени од овој вирус умираат поради застој на васкуларниот систем.
САРС
Тежок акутен респираторен синдром кој е вид на коронавирусот, а за само неколку недели се проширил на 37 земји.
Вирус кој се шири по пат на плунка која се искашлува или се исфрлува преку носот во форма на кивавица.
Сарс инфицираше околу 8.000 луѓе во светот, а од нив починаа 800.
Хепатитис
Предизвикувач на милиони жртви ширум светот на годишно ниво.
Хепатитис Б е најсилен од категоријата на овој тип на вирус.
Овој вирус директно го напаѓа црниот дроб, а со тоа може да предизвика канцер или цироза.
ХИВ
Околу 40 милиони живеат со овој вирус ширум светот, а само половина од нив користат терапија.
Се проценува дека од хив вирусот умираат околу 2 милиони луѓе годишно, а во последните 30 години, дури 25 милиони луѓе умреле според статистиката на смртност.
Грип
Секоја година над 500.00 луѓе умираат од грип во светот.
Најсмртоносна е шпанската грозница која убила од 50 до 100 милиони во светот.
Позната е како медицински холокауст во историјата на здравството.
Текстот Седум вируси кои се посмртоносни од коронавирусот е превземен од USB.mk.