Роналдо ја љубел Парис Хилтон, а Нејмар Сораја, аферите на познатите фудбалери

Освен љубовта кон фудбалот, Кристијано Роналдо и Нејмар имаат уште една заедничка работа. Двајцата вчера го прославија роденденот. Кристијано Роналдо го прослави 35, а Нејмар 28 роденден. По тој повод светските таблоиди ги објавија сите афери и скандали кои ги имале додека ја граделе кариерата.

Бразилецот е помлад, но се покажал како поголем заводник од Роналдо.

Роналдо се најде среде скандал кратко време откако почна да игра за Манчестер Јунајтед. Светските медиуми на големо пишуваа за студентката од Лас Вегас која го обини фудбалерот дека во 2009 година ја силувал во хотел.

Трансферот на Португалецот во Реал Мадрид наиде на големо разочарување кај обожавателките на островот. Една од неговите девојки, со која се забавуваше во 2009 година, беше и глумицата Гема Аткинсон.

Во едно од нејзините интервјуа таа раскажа за нивниот прв состанок, кој како што вели таа и бил крајно необичен. Тие биле во нејзиниот дом, пиеле чај и ја гледале хумористичната серија „Сплетки“. Како причина за разделбата, Аткинсон ги навела честите натписи во медиумите, за тоа како Роналдо посетувал проститутки.

Пред Аткинсон, Роналдо бил во врска со Нереида Гаљардo. Медиумите пишуваа за неа дека сакала да се фотографира гола и често објавувала фотографии во топлес издание. Потоа фудбалерот живеел со манекенката Ирина Шајк. Двајцата беа во врска пет години.

По разделбата, Ирина открила дека Роналдо бил тој кој и ја нарушил самодовербата. Фудбалерот го поврзуваа и со познатата милионерка Парис Хилтон, со кого беше кратко време во врска. Двајцата биле снимени во познати дискотеки во Лос Анџелес и Париз.

Фудбалерот сега е во врска со Џорџина Родригез, со која ја има ќерката Алан Мартина. Со време децата на Роналдо станаа поинтересна тема за медиумите, отколку неговите девојки. Трите деца ги доби од сурогат мајки, но никогаш не го откри нивниот идентитет.

Нејмар е помлад од Критијано, но за разлика од него, Бразилецот има побурен љубовен живот, пишуваат медиумите. Зад себе има бројни врски со разни манекенки и глумици. Пред две години, на интернет страницата Whodatedwho се најдоа дури 21 од неговите поранешни девојки.

Нејмар со бразилската манекенка Барбара Еванс се запознал во 2011 година. Таа на почетокот тврдела дека има дечко, а дека со Нејмар се само пријатели. Освен Барбара, бразилската манекенка Никол Мајер, самата признала дека неколку пати спиела кај Нејмар, додека фудбалерот играше за Сантос.

Во друштво на Нејмар уживала и Плејбој зајчицата Патрисиа Џордан. Двојката се раздели кога фудбалерот од Бразил се пресели во Барселона. Нејмар продолжи со Бруна Маркезине. Сегашниот играч на францускиот клуб ПСЖ, имал само 19 години кога бил во врска со шест години постарата глумица Даниела Карваљо.

Двајцата прекинале два месеци затоа што не можела да го издржи медиумскиот притисок. Нејмар меѓу останатото имал афера и со бразилката Ларис Оливера. а се дружел и со бразилската глумица Таила Ајала и манекенката Џени Андраде. Нејмар бил во врска и со балканската старлета Сораја Вучелиќ.

Двајцата се запознаа на Ибица, а подоцна фудбалерот испратил специјален авион за балканската старлета за да го посети во Барселона.

 

 

 

 

Текстот Роналдо ја љубел Парис Хилтон, а Нејмар Сораја, аферите на познатите фудбалери е превземен од Reporter.mk.