Доколку Денот на вљубените ќе го поминете дома со момчето, или пак, ќе излегувате со другарките во некој клуб или на кафе, задолжително погледнете ги овие три комбинации кои можете да ги облечете за секоја од тие пригоди.
#1 Доколку останувате дома со момчето в кревет, зошто да не облечете пижама во која ќе го одбележите денот. Изберете макар долен дел кој на себе ќе има слика од срце или бакнеж. Нашата препорака е малку да ја средите шминката и да ставите малку неутрална шминка, затоа што доколку се предомислите и на крајот се одлучите да излезете, вие за час ќе бидете спремни.
#2 Доколку одите со другарките во некој ноќен клуб, тогаш овој ден е соврешен да бидете елегантни и средени. Облечете некој убав фустан или долго здолниште и свилена блуза, облечете штикли и спремни сте за танц.
#3 Доколку одите на некоја друштвена игра или во кафуле, тогаш едноставните црни пантолони или фармерки со кошула во некоја јарка боја или убав џемпер е сето она што ви е потребно. Секако исфенирајте ја косата, нанесете малку шминка и опуштено поминете го Денот на заљубените.
Текстот Три комбинаци за Денот на вљубените, од пижами до фустани е превземен од Reporter.mk.