Селфи во вселената: Одраз на земјата во вселенското пространство

Астронаутката на NASA, Џесика Меир, го направи веројатно најегзотичното селфи на светот, и го сподели со следбениците на својот профил на Твитер.

Меир од септември 2019 година е дел од екипажот на Меѓународната вселенска станица, а во јануари тргнала на дури две „прошетки“ во вселената. Додека лебдела во вселената, успеала да направи и неколку фотографии, и на оние кои останале на Земјата да им го приближи светот надвор од светот. Во твитот пишува дека користела Nikon D5 со леќа од 28мм, кој се наоѓа во заштитна кутија. Една од фотографиите е направена во традиционален селфи стил, бидејќи Меир ја насочила камерата директно кон своето лице, додека на стаклото на нејзината кацига се гледа и Земјата. На втората фотографија е нејзиниот одраз во сончевиот панел на станицата, кој во таа прилика ја користела како огледало.

Оваа астронаутка сепак не е прва која направила селфи во вселената, бидејќи тоа го направил Буз Алдрин уште во далечната 1966 година, за време на мисијата Gemini 12. Иако поминаа повеќе од 50 години од првото „селфи“ во вселената, сепак е тешко да се замисли подобра околина за фотографирање, па еве причини за вселенски туризам.

Извор: PC Press.rs

Текстот Селфи во вселената: Одраз на земјата во вселенското пространство е превземен од USB.mk.