Шкотската компанија Skyrora, стационирана во Единбург, која се занимава со развој на мали сателити, успешно го изврши првото тестирање на земјата на својот нов ракетен мотор, кој е наменет за инсталација на малите сателити. Овој мотор е специфичен по тоа што е отпечатен на 3D принтер, но и по горивото кое го користи. Имено, компанијата сама разви гориво за него и тоа со рециклажа на пластичниот отпад. Ова гориво е наречено Ecosense, а ветува дека лансирањето на сателити од Skyrora ќе биде многу поеколошки прифатливо од конкурентите.
Крајната цел на развојот на овој мотор е некоја идна верзија да ја покрене нивната Skyrora XL ракета, која ќе има 22 метри, за која се очекува дека ќе може повеќекратно да го износи товаропт во орбитата до височина од 500 км.
Во текот на тестирањето, Skyrora го покрена својот ракетен мотор со сопственото Ecosense гориво, но и со традиционалното ракетно гориво (Kerozin RP-1). На тој начин можеле да ги споредат перформансите на двете горива. Се покажа дека нивното гориво имало за 45 проценти помала емисија на штетни гасови. Дополнителните предности на ова гориво се што не бара криогеничко замрзнување и може да стои во тенковите подолг временски период. Исто така, производството на ова гориво е многу поевтино и еколошки поприфатливо, бидејќи од 1000 килограми пластичен отпад може да се добие дури 600 кг Ecosense.
Текстот Skyrora успешно тестираше 3D печатен ракетен мотор (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.