(Видео) Новак Ѓоковиќ на италијански запеа на „Сан Ремо“

Новак и Јелена Ѓоковиќ беа меѓу гостите на популарниот музички фестивал „Сан Ремо“.

Српскиот тенисер го повикаа на сцената каде покажа дека не само што многу добро зборува на италијански јазик, туку и пее.

Новиот победник на Австралија Опен ја запеа „Terra Promessa“, песната со која Ерос Рамацоти настапи на овој фестивал во 1984 година.

Текстот (Видео) Новак Ѓоковиќ на италијански запеа на „Сан Ремо“ е превземен од Reporter.mk.