Во Русија направен потполно нов тип на менувач

Курганските инженери презентираа систем на трансмисија каков што не постои во светот. Тоа е комбинација од автоматски и механички менувач, односно на нивните најдобри особини.

Новиот систем на пренос е развиен под раководство на професорот Александар Благонравов, доктор на технички науки. Типот на трансмисија го доби називот по својот креатор: „Трансмисијата на Благонравов“.

Најважната особина на иновативниот систем на пренос е забрзувањето без зголемување на бројот на вртежи на моторот. На тој начин моторот постигнува иста брзина со 30% помалку гориво. Според авторот на проектот, со таквата трансмисија дури и обичен руски УАЗ ќе има побрз старт од „Мерцедес“.

Во овој систем брзината не се развива со зголемување на бројот на вртежи на моторот, туку со зголемување на амплитудата на осцилирање на замаецот. „Стартот со ваков менувач е побрз затоа што енергијата на торзијата на вратилото го „исфрла“ возилото како стрела, со соодветното забрзување. Покрај тоа, моторот независно од брзината на движење ќе работи во оптимален режим, т.е. со минимална потрошувачка на гориво и максимална инерција“, објасни еден од авторите на проектот.

Принципот е сличен на механички будилник, каде што со затегнување на пружината ја пренесуваме енергијата врз механизмот, по што пружината ги придвижува сказалките. Ако сказалките на се движат, енергијата не се троши. Така е и во новата трансмисија – во првата половина на циклусот моторот ја затегнува пружината, а во втората таа се враќа и ја пренесува енергијата врз моторот.

Извор: Russia Beyond

Текстот Во Русија направен потполно нов тип на менувач е превземен од USB.mk.