Над десетина волонтери од Еколошката групација „Зелена сила“ засадија 400 садници под врвот Клепа, општина Градско, во чест на Калина и Александар, двајцата планинари кои загинаа искачувајќи се на врвот на Кајмакчалан.
На површина од илјада метри квадратни се посадија садници од шумата со име „Калина и Александар“, која е во фаза на формирање. Местото е на 600 метри надморска височина.
Волонтерите садеа бреза, чемпрес, јавор, јасен и бел бор. Просторот каде се случи пошумувањето се наоѓа на границата помеѓу општините Градско и Росоман, пренесе тирековмирече.ком.
Текстот (Фото) Засадени 400 садници во чест на Калина и Александар е превземен од Reporter.mk.