Истражувачката станица на Антарктикот ги измери досега највисоките темпераутри на овој континент, додека глобалното затоплување предизвикува страв од топење на ледот на Јужниот пол.
Базата „Есперанса“ на северниот дел на Антарктикот измери 18,3 степени, највисоките температури во историјата, објавила Светската метеоролошка организација WMO. Денес во Европа никаде не било толку топло. Во Лисабон биле измерени 17 степени, во Мадрид 15, а во Атина 10 степени целзиусови.
„Ова не е вредност која инаку би ја поврзувале со Антарктикот, дури и во лето. Со тоа е соборен рекордот од 17.5 степени од 2015 година3, изјавила портпаролката на WHO Клер Нулис во Женева.
Антарктикот е еден од деловите на оваа планета кој најбрзо се загрева. Научниците веруваат дека глобалното затоплување предизвикува топење ан толку лед на Јужниот пол, што огромната ледена плоча е на пат да се распадне. Тоа низ вековите би можело да доведе до подигнување на глобалното ниво на морето за најмалку три метри.
„Количината на лед која годишно се губи од антарктичката ледена плоча е зголемена за шест пати од 1979 година до 2017 година“, истакнала Нулис и додала дека фотографиите покажуваат пукнатини во ледот на континетот.
„Топењето на ледот значи дека сме во големи проблеми кога станува збор за растот на нивото на морето“, заклучила Нулис.
Текстот Антарктикот непрекинато се топи, измерени рекордни 18 степени е превземен од Reporter.mk.