Ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, качена на мотор, со кацига наопаку ставена на глава, осамна на социјалните мрежи. Таа на мотор си замина денес од кривичниот суд, каде што беше судењето за предметот „Титаник“. Твитерџиите се фатија за кацигата, неправилно ставена на главата на ексминстерката, па им се отвори работа да се мајтапат со Јанкуловска.
Таа неодамна се породи со своето прво дете кое го има од бракот со сопругот Влатко.
Текстот (Фото) Гоца ма, наопаку ти е кацигата е превземен од Reporter.mk.