(Видео) Се лизна додека ја пренесуваше пациентката заразена со коронавирус

Еден член од лекарскиот персонал во клиниката за заразни болести во градот Сучави во Романија, доживеа незгода додека пренесуваше една пациентка заразена со опасниот коронавирус. Додека ја пренесуваа во комбето за итна помош, еден од лекарите во заштитно оддело се лизна и падна врз пациентката која беше ставена на носилки.

Станува збор за жена од Романија, која на 1 февруари се вратила од Кина, каде работела како учителка. Таа дошла во Клиниката за заразни болести со инфекција на горните дишни патишта. Се посомневала дека можеби станува збор за заразата коронавирус, па веднаш била сместена во изолација.

Иако персоналот брзо се снашол на социјалните мрежи веднаш се рашириле шеги на сметка на лекарите. Иако многумина истакнаа дека вакво нешто може на секого да му се случи, имало и такви кои само напишале:  „Професионализам, нема што“.

По незгодата, кога лекарите ја затвориле вратата од возилото, се слушнал таков удар, што еден корисник во шега прокоментирал. „Како да се наоѓа во дворецот на грофот Дракула!“.

 

Текстот (Видео) Се лизна додека ја пренесуваше пациентката заразена со коронавирус е превземен од Reporter.mk.