Неверојатната нова јахта на Бил Гејтс чини дури 644 милиони долари (ВИДЕО)

Иако Бил Гејтс живее скромен живот без претеран луксуз, сепак одлучи да ја купи јахтата на водород, која чини 644 милиони долари.

Јахтата е долга 112 метри, има пет палуби и простор за сместување на 14 гости и 31 член на екипажот.

Содржи базен, хелиодром, спа, теретана, кино, салон на убавина и приватна палуба за набљудување, од која можете да го гледате целиот океан.

Под палубата се наоѓаат два резервоара кои се вакуумски затворени и тешки 28 тони. Оладени се на -253 степени и наполнети со течен водород, кој го покренува бродот.

Јахтата може да достигне брзина од 17 чворови, што е околу 20 км/ч и може да помине 6.000 километри, пред да треба пак да се наполни со гориво.

Инвестицијата на Гејтс во оваа јахта претставува негов долгогодишен интерес за алтернативни горива и негов ентузијазам за новата технологија, која би можела да ги реши емисиите на гасови од индустријата и сообраќајот.

Јахтата, која беше најавена на минатогодишниот Салон за јахти во Монако, веројатно ќе заплови во 2024. година.

 

Текстот Неверојатната нова јахта на Бил Гејтс чини дури 644 милиони долари (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.