Toyota и Panasonic ќе се здружат со цел создавање на совршена батерија за електричните возила.
Toyota ќе поседува 51% од Prime Planet Energy & Solutions, додека Panasonic ќе има удел од 49%, а заедно ќе произведуваат призматични батерии за електрични автомобили.
Целата приказна ќе стартува на 1 април 2020 година и ќе има приближно 5.100 вработени, со канцеларии лоцирани во Токио и регионот Кансаи во Јапонија.
„Партнерството на Toyota и Panasonic ќе создаде квалитетни батерии кои се и достапни и безбедни и возачите ќе можат да останат мирни додека со истите тие батерии ги загреваат своите автомобили. Батериите постојат за да им обезбедат на автомобилите енергија за стартување и други работи, а во исто време се подобри за животната средина и човечкото општество“, се вели во нивната изјава.
Ова не е почеток за Panasonic во автомобилската индустрија бидејќи за Tesla веќе извесно време произведува цилиндрични батерии за електричните возила.
Како потсетување, Toyota и Panasonic веќе имаа работено заедно. Првите испитувања за батерии се во 1996 година, а соработка имаат и во Formula 1.
Текстот Toyota и Panasonic заедно ќе создаваат батерија за електрични возила е превземен од USB.mk.