Американската двојка Ајви и Рик Рид направиле селфи на вулкан во Нов Зеланд, само неколку моменти пред ерупцијата. Двајцата биле затрупани со пепел и токсични гасови, по ерупцијата на вулканот на Белиот Остров на 9 декември. Ајви и Рик покренале кампања за да соберат пари за да ги платат трошоците за лечење.
„Ова е нашата последна слика, настаната пред нашите животи засекогаш се променат. Околу 15 минути откако ја направивме, вулканот на Белиот Остров еруптираше и нè затрупа со жежок вулкански пепел и токсични гасови“, напишала Ајви на фотографијата.
Двајцата минале речиси осум недели во болницата во Нов Зеланд. Рик имал три одводени операции, откако претрпел изгореници на 30 проценти од своето тело, вклучувајќи ги и рацете, нозете и лицето, додека Ајви имала две операции и изгореници на 20% од телото, на рацете, лицето и десната нога. На двајцата им била пресадена кожа на различни делови на телото.
Ајви исто така објаснила дека повторно се вратиле во САД благодарение на семејството и пријателите кои им ја дале целата поддршка за време на долгото закрепнување.
„Се вративме дома! Ова се среќните вести кои сакавме да ги споделиме со сите. Следната година ќе биде најтешка за нас. Ќе се обидеме да се рехабилитираме и да ги вратиме коклку е можно повеќе функционалности“, порачала Ајви.
За потсетување во ерупцијата на вулканот на Белиот Остров загинаа 21 лице.
Текстот (Видео) Направиле селфи на вулканот неколку минути пред ерупцијата е превземен од Reporter.mk.