Хакирани се и објавени фотографии на кои Кендал Џенер позира гола, а направени од фотографот Расел Џејмс, кој ги фотографирал за потребите на својата книга „Angels“.
Иако тој фотографиите ги криел до објавувањето на книгата за неколку дена, хакерите веќе ги објавија сликите. Некои пак, сметаат дека таа сама ги пуштила сликите на интернет, со цел да го привлече вниманието за да се зборува за неа и за книгата.
Пријателите на манекенката, сепак, тврдат дека некој ги украл и пуштил во јавност фотографиите без дозвола од авторот и Кендал, пренесува TMZ.
Текстот (Фото) Хакери објавија голи слики на Кендал Џенер е превземен од Reporter.mk.