Славната актерка Сара Џесика Паркер, како и многу ѕвезди, позајмува гардероба и накит од бројни дизајнерски куќи за разни снимања или појавувања на црвениот тепих. Сепак, не е се така идеално, зошто , компанијата Kat Florence реши да ја тужи за позајмен наките. Како што пренесуваат светските медиуми, Сара во 2016 година позајмила накит од компанијата во вредност од 70.000 долари на два месеци, но наводно не го вратила.
Од друга страна, адвокатот на Сара го тврди спротивното.
“Ова е класична местенка. Сара имаше договор со нив, а тие ја замолија да го задржи накитот за да го носи на црвениот тепих и разни настани и да го промовира. Паркер е најчесната и најодговорната личност која некој може да ја запознае. Никогаш апсолутно ништо нема задржано. Кога заврши нивниот договор, а Kat Florence престанаа да ја плаќаат, Сара сакаше да го врати накитот, но тие не беа заинтерсирани“, вели адвокатот.
Сепак, оваа компанија ја тужи актерката и бара отштета од 150.000 долари.
Текстот Заради позајмен накит Сара Џесика Паркер заврши на суд е превземен од Reporter.mk.