Јапонија се соочува со се поголеми демографски оптеретувања, бидејќи веќе со децении животниот век се продолжува.
Бројот на 100-годишници во Јапонија порасна за 3% во однос на минатата година и сега изнесува 69.785, од кои 90% се жени.
По податоците на Министерството за здравство, работа и социјална грижа, зголемувањето се евидентира 48. година по ред.
Во 1963. во Јапонија живееле само 153, 100-годишници, а во 1981. година тој број пораснал на илјада. Веќе во 1998. година 100-годишници биле 10.000.
Во Јапонија инаку живее и најстарата личност на светот, Кане Танака која наврши 115 години.
Родена во 1903. година, истата година кога пионирите, браќата Врајт полетале со својот „Flyer“.
Текстот 100-годишниците во Јапонија станаа проблем е превземен од Reporter.mk.