Глобалните трошоци за иницијативи во сферата на паметни градови ќе се зголемат за 18,9% оваа година, достигнувајќи 124 милијарди американски долари, се вели во анализата на ИДЦ.
100-те градови со најголеми инвестиции во паметни проекти ќе направат 29% од сите трошоци. Во исто време, аналитичарите велат дека само 80 градови ќе потрошат повеќе од 100 милиони американски долари, додека 70% од вкупниот број ќе бидат наменети за градови кои трошат помалку од 1 милион долари годишно.
Сингапур се појавува како лидер во иницијативите за паметни градови во 2020 година. Токио ќе биде втор, главно заради Олимпијадата. Аналитичарите го ставаат Њујорк на третото место и Лондон на четвртото место.
Голем дел од средствата (над една третина) ќе бидат наменети за енергетски и инфраструктурни проекти. На второ место е јавната безбедност со 18%, а на трето е интелигентниот транспорт, кој ќе учествува со 14% од сите трошоци.
Текстот Сингапур е лидер кај паметните градови е превземен од USB.mk.