Телевизија во Турција е казнета бидејќи емитувала спот на пејачката Пинк . Турскиот радио и телевизиски врховен совет RTUK ја казни телевизијата AS TV поради емитување видео спот на пејачката Пинк во кој има еротски танц од „хомосексуална“ природа.
Спотот за песната „Secrets“ бил прикажан во време кога децата гледаат телевизија поради што негативно би влијаел на нив, пренесува Reuters.
Телевизијата е казнета за 2.360 евра.
Текстот Турска телевизија казента зошто пуштила спот од Пинк е превземен од Reporter.mk.