Новите модели на Audi имаат можност да комуницираат со системот за контрола на сообраќајот преку семафори.
Системот Audi Traffic Light Information во моментов е достапен исклучиво во Дизелдорф и нуди две функции. Првата е GLOSA (Green Light Optimized Speed Advisory), функција за оптимизација на брзината за минување на зелено светло. Системот ја пресметува оптималната брзина со која возачот ќе фати најмногу зелени светла на трасата. Исто така, системот го советува возачот (до 250 метри пред семафор) колку треба да се намали брзината.
Првичните проекции велат дека употребата на овој систем може да ја намали потрошувачката на гориво до 15%.
На крајот да напоменеме дека сите модели почнувајќи од А4, а произведени од јули минатата година, во стандардната опрема ја имаат информациската технологија Audi Traffic Light Information.
Извор: Додај Гас
Текстот Автомобилите на Audi комуницираат со семафорите, a еве и како (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.