Бебето Илина на поп-пејачката Сара Мејс и водителот Димитар Атанасовски си дојде дома. Родителите објавија неколку фотографии од болницата каде се проди Сара, сликани пред да си заминат дома.
Сара се породи пред неколку дена, а во исто време додека траеше породувањето, таа ја промовираше и новата песна „Црна Капина’.
“Илина и Сара се одлично, а породувањето помина во најдобар ред“, изјави Димитра за „Репортер“, дента кога Сара ја роди Илина.
Македонската пејачка и харфистка лени се омажи со водителот Димитар Атанасовски. Откако дознаа дека ќе станат родители, двајцата велеа дека не сакаат да го знаат однапред полот на бебето. Тие изминатите месеци често објавуваа слики од бременоста на Сара, а неодамна направија забавна фотосесија и покажаа како изгледа таа во последните денови од бременоста. Димитар и Сара велеа дека со нетрпение чекаат да станат родители.
Текстот Бебето на Сара и Димитар си дојде дома е превземен од Reporter.mk.