Металот на иднината: Илјада пати потенок од влакно и 200 пати посилен од челикот

Поради неверојатната сила и широк спектар на употреба, графенот (анг. graphen) се смета за материјалот на иднината, потврдиле европските истражувачи кои со оваа тематика се занимаваат веќе седум години.

Во нивната книга, поточно деталниот водич за производство, група од 70 научнии на 500 страници ги доловила сите начини на графенот кои можат да донесат до револуција во речиси сите индустриски грантови.

Ова истражување воедно спаѓа во групата на три најголеми научни проекти кои ги финансира Европската унија, а во која вложени се над милијарда евра.

Станува збор за слоеви од графит, со дебелина од еден атом и должина од неколку микрометри. Поради исклучителните механички својства, поточно големата густина, цврстина и еластичност, електричната спроводливост и речиси целосната проѕирност на овој кристал може да се примени во изработка на композитни материјали, електрични и логички склопови, екрани чувствителни на допир и сончеви зраци.

Воедно, графенот истовремено е и најтенкиот и најсилен познат материјал кој е дури 200 пати посилен од челикот, подобар проводник на електрична енергија и топлина од останатите материјали, а сепак милион пати потенок…

Токму флексибилноста и електроспроводливоста на овој материјал се одликите кои во иднина би можеле да се користат во многубројни индустрии, од аеронаутика, астрономија, медицина, енергетика па сè до електроника.

Извор: Blic.rs

Текстот Металот на иднината: Илјада пати потенок од влакно и 200 пати посилен од челикот е превземен од USB.mk.