Швајцарските научници развија техника за 3Д принтање која би можела да доведе до вистинска револуција во биопринтањето, но и во создавање на необични модели за кратко време.
Научниците од Ecole polytechnique federale de Lausanne (EPFL) се на прагот на решавањето на еден од најголемите проблеми кога станува збор за 3Д принтањето – времетраењето на процесот.
За разлика од трдиционалното 3Д принтање кое функционира на начин што оригиналните 3Д модели се „расклопуваат“ на 2Д слоеви и потоа се принтаат еден по еден додека не се добие 3Д моделот, новата техника користи посебна смола, ротација и ласер кој ја стврднува смолата.
Смолата се става во посебен резервоар кој во текот на принтањето ротира. Ласерот потоа ја стврднува смолата, па 3Д објектот практично е готов за неколку секунди.
Засега можно е да се направат модели од само 2 сантиметри, но со прецизност до 80 микрометри. Сепак, швајцарските научници имаат намера наскоро да направат и поголем принтер за да можат да се принтаат предмети со големина од 15 сантиметри.
Извор: Zimo.hr
Текстот Швајцарски научници развија нова техника за 3Д печатење која создава предмети (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.