Американските експерти ја откриле слабата точка, Ахиловата пета на повеќето вируси кои го мачат човештвото, со што е направен чекор кон универзална вакцина.
Како што може да се види во случајот на коронавирусот, развојот на вакцината е долготраен процес, а една од причините е и тоа што научниците посветуваат време, внимание и ресурси таргетирајќи ги вирусите посебно, еден по еден.
Научниците од Општата болница во Масачусетс, меѓутоа, ја лоцирале Ахиловата пета на сите вируси, која би можела да биде од витално значење за човештвото.
„Целта ни е да разбереме како нашиот имунолошки систем работи за да пронајдеме начин да се избориме со голем број на вируси, а не само да развиеме вакцина против еден”, рекла Кејт Џефри, лидер на истражувањето.
Ранливата точка на сите вируси е всушност протеинот AGO4, кој припаѓа на семејството протеини Аргонаут (AGO), за чија важност досега немало многу докази.
Меѓутоа, сега е утврдено дека еден од нив има единствени антивирусни својства во клетките на цицачите.
Во текот на истражувањето од повеќе протеини од семејството Аргонаут било утврдено дека само клетките со недостиг на AGO4 се подложни, односно хиперчувствителни на вирусни инфекции.
Кога ќе се утврди како да се зголеми природната телесна одбрана со AGO4, вирусите повеќе нема да претставуваат проблем.
„Следниот чекор ни е да утврдиме колкав е спектарот на вируси на кои влијае споменатиот протеин. И тогаш треба да сфатиме како да ја зголемиме активноста на AGO4 за воедно да ја засилиме заштитата против вирусните инфекции”, истакнала Кејт Џефри.
И покрај тоа што претстои уште работа, научниците истакнуваат дека ова е многу важен чекор кон развојот на универзална вакцина и потенцијално лечење од некои од најсмртоносните вируси.
Извор: Imperij.com
Текстот Откриена слабата точка на сите вируси! е превземен од USB.mk.