За принцот Вилијам Јапонија е Кина

Во Лондон во четвртокот беше отворен Домот на културата на Јапонија, каде се претставува изложби, настани и гастрономски култури од Далечниот исток. Во склоп на кралскиот ангажман на свеченото отворање присуствуваше и принцот Вилијам. Една од задачите на групата ученици од интернационалното училиште беше да ги покажат своите вештини со јапонските стапчиња за јадење, а во предизвикот им се придружи добро расположениот Вилијам.
За да ја разбие тремата и напнатоста, се обиде да ги анимира децата и им постави неколку прашања, а потоа направи еден гаф поради кој стана мета на шеги.
“Сакате кинеска храна? Ммм, мислам, јапонска храна… Јадете ли често јапонска храна”, брзо се поправи 36 годишниот принц, ама децата не биле многу заинтересирани за разговор.

Текстот За принцот Вилијам Јапонија е Кина е превземен од Reporter.mk.